spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: 25 милиони денари за нови инфраструктурни проекти

Кочани: 25 милиони денари за нови инфраструктурни проекти

На 28 мај, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ја одржа 57. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа триесет точки.

За првпат Советот изгласа позитивен ребаланс, со што основниот буџет на Општина Кочани е зголемен за 25 милиони денари, сите наменети за капитални инвестиции.

Со овие средства се планира изградба на пешачка патека на ул. „Страшо Ербапче“ до крстосницата со локалниот пат за селото Бели; кружен тек на спојот на ул. „Димитар Влахов“ со „Павлина Велјанова“; изградба на улици во селата; ново улично осветлување во централното градско подрачје, а ќе се зголемат и средствата за експропријација.

Советот даде согласност за згрижување поголем број деца во воспитната група до двегодишна возраст во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, а ја усвои информацијата за состојбата со дивоградбите во општина Кочани за периодот од 1 јануари 2011 година до 31 декември 2020 година.

Членовите на Советот донесоа заклучок со кој определија 400 илјади денари од општинскиот буџет за Драмскиот аматерски фестивал во 2022 година, од кои 50 илјади денари ќе бидат наменети за прва награда на фестивалот.

Советот ја усвои Предлог-програмата за измена и дополнување на планот за изградба и одржување на локалните патишта и улици, донесе одлука за техничка исправка на неколку катастарски парцели на детален урбанистички  план во Кочани, а ја разгледа и усвои и информацијата за состојбата со пандемијата од ковид-19 на подрачјето на општината.

Извор:  Општина Кочани 

Прочитајте