spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Завршена реконструкцијата на санитарните јазли во СОУ „Јане Сандански“

Штип: Завршена реконструкцијата на санитарните јазли во СОУ „Јане Сандански“

Завршена е реконструкцијата на санитарните јазли во СОУ Јане Сандански во Штип, набавена е и опрема за смерот Фармација.

Продолжуваме со подобрување на условите во нашите училишта, реконструкцијата на санитарните јазли е вредна 2,4 милиони денари и со 265 илјади денари е набавена опрема за потребите на смерот Фармација.

Во тек е реконструкција на кабинетот за изведување на практична настава по фармацевтските и хемиските премети. Предвидени се средства и за реконструкција на кабинетот за забни техничари и училишниот двор.

Го подигаме нивото на образовниот процес, ги подобруваме условите во училиштата.

Извор: Општина Штип 

Прочитајте