spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Проект за поврзување на локални патишта - Механизам за жалби...

Кочани: Проект за поврзување на локални патишта – Механизам за жалби и поплаки

За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерство за транспорт и врски каде Општина Кочани има поднесено потпроекти за Реконструкција на постојната улица „Гошо Викентиев“ со должина од 243 м и Реконструкција на постојната улица „Раде Кратовче“ со должина од 543 м. Во најскоро време ќе започнат градежните работи на овие улици.

Со проектот, на јавноста ѝ се дава можност активно да го следи изведувањето на планираните градежни работи преку воспоставениот Механизам за жалби и поплаки кој припаѓа на Стандард 10 од Рамката за животна средина и социјали аспекти на Светска банка.

Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки (преку примање жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање) и со Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Двата документа се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.

Механизам за жалби и поплаки.

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот.

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте

МФ: Нема незаконитост во одлуките, се поништува одлуката на ДИК и...

0
Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на...