Берово: Опрема за противпожарна заштита

ОпштиниБерово: Опрема за противпожарна заштита

Најчитано

 

Денес, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпиша договор со Дирекција за заштита и спасување, за давање на трајно користење на опрема за противпожарна заштита.

Врз основа на одлуката на Влада на РСМ, денеска е извршено примопредавање и давање на трајно користење на опрема за противпожарна заштита.

Со добивањето на оваа опрема, уште еднаш докажуваме дека се грижиме за унапредување на противпожарната заштита во Општина Берово  и сме силно посветени за олеснување на пристапот за гаснење на пожари.

Градоначалникот Звонко Пекевски упати благодарност за  добиената опрема,  потенцирајќи  дека еден од главните приоритети на општина Берово во областа на противпожарната заштита е институционално опремување и зајакнување на капацитетите на Територијалната противпожарна единица и токму затоа во периодот што следи ќе биде набавено и повеќенаменско возило за справување со катастрофи, што ќе биде од големо значење за Берово во ефикасноста со справување со кризи од природни катастрофи и елементарни непогоди.

Извор: Општина Берово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе