spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Честитка од градоначалникот Константин Георгиески по повод Курбан Бајрам

Охрид: Честитка од градоначалникот Константин Георгиески по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески  упати честитка  по повод големиот муслимански празник Курбан – Бајрам  до сите охриѓани од исламска вероисповед и до Исламската верска заедница  во државава  со желби празникот да го минат во добро здравје  и убаво расположение.

– Примете ги  моите искрени желби овој голем верски празник да го минете во добро здравје,  среќа и благосостојба . Посакувам празнувањата да ви минат  во духот на  традицијата и обичаите   делејќи радост со најблиските  и пријателите. Во духот на празнувањето да се потсетиме на вистинските вредности, разбирање,  толеранција и меѓусебно проштевање. Курбан бајрам е празник на дарувањето и солидарноста  и укажува на неопходноста да се подаде рака и да се укаже помош на сите на кои тоа им е неопходно. 

Би сакал токму на овој голем празник, уште еднаш, да го изразам своето уверување дека Исламската верска заедница и сите нејзини верници како нераскинлив дел од македонското општество и понатаму активно ќе придонесуваат за градење почит и разбирање помеѓу различните вери и етникуми во нашата држава – стои во честитката на градоначалникот Георгиески за големиот верски празник Курбан Бајрам.

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...