МТСП: Пензискиот фонд е стабилен и во услови на пандемија

ИнтервјуаМТСП: Пензискиот фонд е стабилен и во услови на пандемија

Најчитано

„Пензискиот фонд е стабилен и во услови на пандемија успеваме да ја гарантираме извесноста на пензиите. Нивната исплата е редовна и се исплаќаат предвреме. Пензионерите двапати во годината го добиваат законското усогласување согласно порастот на трошоците за живот. Во месец јануари имаше пораст за 1.2%, и сега во Јули повторно 1.2% тоа се 300 денари кои пензионерите ќе ги добиваат секој месец, до крајот на годината. Нашата економија постепено ќе закрепнува, со порастот на БДП за кој постојат сериозни анализи дека ќе биде над 4.1%, верувам дека пензиите ќе продолжат да растат“, рече министерката Шахпаска.

Во врска со новото предлог законско решение кое се однесува на стечајните работници министерката посочи дека станува збор за петта измена на Законот за материјално обезбедување на работниците кои ги изгубиле своите работни места поради приватизација на претпријатијата со доминантно државна сопственост заради ликвидација или стечај.

„Ова законско решение произлегува од направените анализи и податоци за работниците кои со минатите законски решенија не успеале да бидат опфатени. Се работи за бројка од 1100 лица кои ќе добиваат надоместок од 9.242 денари до нивно пензионирање. Измената е во условот на годините во работен однос, па така, наместо досегашните 15 години работен однос новото законско решение предвидува 14 години, додека пак останатите услови остануваат исти. Ова законско решение е предвидено да оди по скратена постапка и да се најде пред пратениците следната седница на 22 јули“, рече Шахпаска.

За измените на Законот за работни односи во делот на пензионирањето со 64 години старост и 15 години стаж, министерката Шахпаска потенцираше дека исклучок ќе има кај здравствените работници и соработници и вработените во високото образование, каде по претходна оценка ќе биде овозможено продолжување на работниот однос до 67 години. Додека пак жените согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување по лично барање ќе можат да се пензионираат и на 62 години и 15 години стаж.

На новинарско прашање дали од септември градинките ќе започнат да работат во полн капацитет министерката рече дека таквата проценка останува да ја направат здравствените власти.

„Градинките беа првите што се отворија во пандемијата. Имаше големо присуство на децата во градинките, а согласно протоколите, имаше простор за сместување на деца, првично по 21.000, а понатаму поради епидемилошката слика во државата опфатот го проширивме за 25.000. Согласно протоколите сеуште имаме слободни места за дечиња во градинките. Јас сум оптимист, очекувам мирна есен, бидејќи нема причина зошто да не биде така. Најголем дел од вработените во градинките веќе се вакцинирани со двете дози. Останува да процениме дали од септември градинките ќе работат со полн капацитет. Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти, на Комисијата за заштита од заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба“, рече  министерката за труд и социјална политика, Шахпаска.

Министерката за труд и социјална политика  посочи дека за траењето на породилното отсутво на мајките, и воведување на споделеното родителство за татковците ќе има јавна дебата. „Воведувањето на татковството е опфатено во делот на измените кои се во драфт верзијата во новиот системски закон за работни односи. Ова законско решение ќе биде отворено во јавна дебата.

Околу должината на траењето на породилното отсутво и на татковството заради родителство разговарвме и во Министерстовото за труд и социјална полтика и на Влада. Тоа се прашања кои би ги споделила со јавноста кога навистина и официјлано ќе ја отовриме јавната дебата. Се поклопи со годишнте одмори, но ова за нас  е веќе затворено прашање“, рече министерката Шахпаска во интервјуто за ТВ Сител.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе