spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Се санира фискултурната сала во ООУ Св. Климент Охридски во...

Кисела Вода: Се санира фискултурната сала во ООУ Св. Климент Охридски во с.Драчево

Преку низа активности во насока на подобрување на условите, училиштето ,,Св. Климент Охридски” од с.Драчево се подготува за почеток на новата учебна година. Интензивно се работи на санација на санитарните јазли и туш кабини  во фискултурна сала, за што се издвоени 407.000,00 денари.

По санацијата на санитарните јазли ќе се реновираат и соблекувалните. За стартот на учебната година, во борба со пандемијата, се обезбедени средства за ковид со безбедносен сертификат кој го гарантира квалитетот на истите, а бидејќи училиштето располага со голем двор и површина се прават подготовки за обезбедување на редовна дезинфекција, дератизација, дезинсекција, се чистат оџаците и се обезбедуваат заштитни униформи за вработените од помошно-техничкиот персонал.

За потребите за учениците од четврто одделение обезбедени се три смарт табли и принтери (печатачи), како и смарт табла од средствата на Фонд за иновации и технолошки развој за реализација на проектот. Ќе се спроведе тендерска постапка за наставно-образовни помагала за прво и четврто одделение и тендерска постапка за таблети за децата од социјално ранливите семејства, како и постапка за мрежно одржување и информатички услови за потребите на онлајн наставата и интерактивната настава.

Иако се работи за училиште старо 98 години, грижата за обезбедување на достоинствени услови за сите ученици и вработени, во сите сегменти од функционирањето на училиштето, дава резултати.

Училиштето е подготвено и оваа учебна година, како и минатата да овозможи услови за редовна настава, комбинирана настава или учење од далечина, согласно епидемиолошката слика на ниво на училиште, и пошироко. Новото време наметна нови барања и потреби, динамично темпо на работа. Но, со тимска работа и поддршката  од локалната самоуправа и од МОН, неизбежен е системски резултат.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте