spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЌе реализираме се што ќе ветиме во Бутел

Ќе реализираме се што ќе ветиме во Бутел

Почитувани граѓани на општина Бутел,

Нашата општина Бутел веќе 4 години сериозно назадува, СДСМ и актуелниот градоначалник не реализираа буквално ништо од тоа што го ветија, ветуваа нова поликлиника, полициска станица, противпожарен пункт, плоштади, паркови, градинки, училишта, спортски комплекси, гасификација, канализациони мрежи и водовод онаму каде што нема, ветуваа отчетност и транспарентност, додека пак во реалноста добивме лаги, манипулации и најнедостапна општинска администрација во историјата на општина Бутел.

Почитувани,

Сите ние сме сведоци на кој начин се води нашата општина последниве четири години, од таму и не би сакал премногу да се задржувам на таа класична управувачка неспособност која што за два месеци ќе биде минато. Она што сакам да го истакнам е мотивот, визијата и желбата која што постои во мене и мојот тим за модерна, просперитетна и безбедна општина Бутел, општина со нов модерен лик, општина која што ќе добие целосна трансформација и ќе биде носечка во градот Скопје.

Имавме чест да ги консултираме граѓаните на општина Бутел, нашите стручни тимови заедно со реалните потреби на граѓаните создаваат визија која што ќе биде преточена во предизборна програма, за која даваме збор дека ќе биде целосно реализирана.

Во наредните четири години нашата општина ќе има сосема нов лик, Бутел со нова модерна поликлиника, нова полициска станица и противпожарен пункт, Бутел со модерен плоштад, нашата општина ќе има ултра модерен олимписки спортски центар, паркови и детски катчиња, нови градинки и училишта, целосна канализациона мрежа во Кучевачка бара и Бел камен, нова водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен. Како што веќе споменав еден сосема нов лик на нашата општина, модерен Бутел каков што реално заслужуваме сите ние.

Во оваа битка за сите нас, за доброто на нашиот дом, ве повикувам сите без разлика на вера и етничка припадност, дури и без разлика на партиска припадност, оваа битка е битка за нашата иднина, ве повикувам сите да бидете дел од новата победничка генерација која што ќе донесе целосна трансформација на нашата општина Бутел!

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...