spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕГорд сум што од општина со 5 инвеститори денес имаме над 150,...

Горд сум што од општина со 5 инвеститори денес имаме над 150, најголемата индустриска зона се наоѓа во Петровец

„Анкетите што ги направи партијата ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека убедливо се заинтересирани, односно граѓаните сакаат и наредните четири години јас да раководам со општина Петровец, јас да градам и да продолжам, ние ниеден момент не застанавме. Ние во КОВИД кризата, сите жители на општина Петровец знаат дека се работеше и во зимскиот период, пролетниот, летен“, истакна Борче Митевски, актуелен и кандидат за градоначалник на општина Петровец во гостување за радио Лидер.

Митевски додаде дека тој е горд што успеа со својот тим да го изгради најубавото и најмодерното основно училиште „Кочо Рацин“ во Петровец. Изградбата на ова училиште чинеше 87 милиони денари. Условите за учење се идеални.

„Ги реновиравме сите училишта на територија на општина Петровец, почнувајќи во Сушица завршувајќи до Катланово. Направивме спортски сали во Катланово, во Средно Коњари, во Петровец. Најголемиот проблем што го мачеше народот во Петровец почнувајќи од Петровец тоа беше канализацијата. Петровец во моментов односно денеска започнуваме да ја правиме последната улица бр. 22 со канализација, и веќе нема да има јами, веќе нема подземните води да бидат на ниво со земјата. Значи најгорливиот проблем е решен“, појасни Митевски.

Тој посочи дека е направена и нова градинка, но ќе се направат уште две други во општината за да им излезе во пресрет на родителите да не патуваат со километри да ги носат своите деца во градинка.

„Направивме и нова градинка, имавме прилив на нови дечиња, уште 60 деца заради КОВИД мерките чекаат и затоа во наредниот мандат предвидувам нова градинка во село Ржаничино да се прави и ќе се растерети градинката во Петровец. Нова градинка ќе направам и во Долно Коњари кое ќе ги опфати околните села, да им излеземе во пресрет на родителите да не ги носат децата по 10 километри секој ден“, рече тој.

Митевски посочи дека жителите на општина Петровец ги имаат сите услови кои треба да ги имаат граѓаните во 21 век за нормално живеење.

Општина Петровец од пет инвеститори денес има над 150 инвеститори. Најголемата индустриска зона во Република Македонија е во општина Петровец.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте