spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЦелата јавност го гледа стравот во ВМРО-ДПМНЕ од изборниот пораз

Целата јавност го гледа стравот во ВМРО-ДПМНЕ од изборниот пораз

Во Белата палата расте нервозата и стравот од извесниот пораз на претстојните избори во главниот град, но и во најголемиот број општини во државата, па продолжуваат со она што единствено го знаат, да пласираат лаги и да конструираат скандали.

Нивните најнови лаги за незаконско постапување се демантирани, реконструкцијата на водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ е спроведена согласно законските прописи и и градежните стандарди и нормативи.

Градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно склучен посебен договор, како што се обидува да излаже ВМРО-ДПМНЕ.

Безидејното ВМРО-ДПМНЕ знае само да пласира конструирани скандали да дискредитира, а не знае да понуди ниту еден проект, ниту решение за подобрување на животот на скопјани, па дури ни кандидат за градоначалник на Скопје.

Но затоа се први за манипулации, конструкции, ширење лаги и невистини.

Граѓаните тоа го знаат, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат уште сега да се помират со новиот, седми пораз на изборите.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...