На покана на Основното општинско училиште „Димитар Миладинов” од Општина Центар, директорот на АПЈ, Илбер Села, учествуваше на активност со којашто се одбележа Европскиот ден на јазиците, организирана од страна на училиштето.
Директорот Села, заедно со францускиот амбасадор Н.Е. Сирил Баумгартнер, којшто, исто така, беше присутен на настанот, имаше можност да ја проследи програмата подготвена од страна на училиштето со којашто се одбележува симболиката на Европскиот ден на јазиците, јазичниот диверзитет и важноста од развојот на плурилингвални вештини кај учениците.
Заблагодарувајќи се за поканата за учество на директорката на училиштето, г-ѓа Марија Варсамис Симоновска, директорот Села нагласи дека му е особено задоволство што училиштето е отворено за соработка со други јавни институции со ингеренции за спроведување на јазични политики и дека, во тој контекст, АПЈ ќе продолжи да ги поддржува ваквите активности што промовираат позитивни вредности, развој на мултилингвизмот како средство за меѓукултурен дијалог меѓу заедниците, создавајќи инклузивно општество.