spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Заклучоци од дебата – „Локални избори 2021 – Интегритет на изборниот...

ДКСК: Заклучоци од дебата – „Локални избори 2021 – Интегритет на изборниот процес и интегритет на учесниците“

  • Спроведувањето на изборните активности/кампања во рамките на изборниот процес треба да се одвива транспарентно, а сите надлежни институции да покажат интегритет и да постапат согласно регулативите, принципиелно и со еднаков пристап кон сите политички актери во изборниот процес.
  • Политичките партии со своето однесување влијаат врз јавното мислење и врз градењето на политичката и општествената култура и затоа треба да се работи на зголемување на интегритетот на институциите со што ќе имаме поефективна примена на законите и санкционирање на несоодветното однесување.
  • Политичката култура која сега се манифестира од страна на политичките партии, покажува на низа неправилности и игнорирање на законската рамка која го регулира изборниот процес, а тоа е и главната причина заради се пониската излезност на изборите, што пак го доведува во прашање легитимитетот на избраните функционери.
  • Иако се преземени низа чекори во насока на подигнување на стандардите и поголема контрола за трошењето на јавните средства, како што се алатката за следење на користење на службените возила, етичкиот кодекс што го усвои Владата и слично, реалноста покажува дека политичките партии без исклучок ги заобиколуваат законските рамки. Пример за тоа се низата активности на терен уште пред да почне кампањата, а постојат и дојави за злоупотреба на службените/државните ресурси.
  • Партиите иако имаат огромно влијание врз граѓаните, не покажуваат интерес за стандардите што се градат во општеството преку нивното однесување и однесувањето на нивните членови. Таквиот став се манифестира и во процесот на носење на закони и одлуки.
  • Како резултат на отсуство на санкции, било да се работи за морални или законски, политичките партии не водат сметка за своите јавни настапи и јавно дадените ветувања. Пример за тоа се политичките програми и нереалните ветувања. Начинот на кој се оправдуваат ваквите неетички, а некогаш и незаконски активности, укажуваат на целосно отсуство на услови за спроведување на изборен процес базиран на интегритет и морална и законска одговорност на сите актери.
  • Интегритетот во рамките на изборниот процес е од исклучително значење за намалување на корупцијата. Имено, најголемите клиентелистички односи се создаваат токму за време на изборниот процес.
  • За да се постигне тоа процесот мора да биде добро администриран и инклузивен за сите актери. Финансирањето на политичките партии и нивните активности мора да се следи и да се унапредува, бидејќи клучно е овој процес да биде транспарентен, за да се намалат можните злоупотреби.

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...