spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Го решаваме деценискиот проблем со становите од ЈНА

МТВ: Го решаваме деценискиот проблем со становите од ЈНА

Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт и врски.

Ова законско решение денеска го промовираа министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во продолжение интегралното обраќање на министерот Бочварски:

“Владата на Република Северна Македонија подденакво е фоксуирана на решавање на статусот на сите граѓани,  кои од било какви причини до сега имаат нерешено станбено прашање.

Денеска со министерката Шекеринска го презентираме законското решение со кое се овозможува лица вработени во Министерството за одбрана или Армијата на Република Северна Македонија, да можат да ги отпкупат становите доделени од поранешна ЈНА, станови кои се доделени на користење на овие лица без претходно да можат да се стекнат со право на сопственост.

Право на откуп имаат лицa кои имаат решение за доделување на користење на станот а кои се државјани на Република Северна Македонија

– Лица вработени во Министерството за одбрана или Армијата и лица кои по пат на спогодба помеѓу Министерството за одбрана и друго правно лице засновалe работен однос кај друг работодавач, а во Министерството за одбрана односно Армијата работелe најмалку десет години или стекнале право на пензија.

– Лица од семејното домаќинство на корисникот на станот доколку  корисникот е  починат а поседуваат соодветен документ за користење

– Право на откуп нема да имаат лицата кои имаат стан или куќа во лична сопственост или сопственост на член на неговото семејно домаќинство на територија на Република Северна Македонија

Министерството за транспорт и врски веќе формира Комисија која ќе биде надлежна за продажба на овие станови.

Во однос на постапката, Барателот е должен да поднесе Барање за купување на станот до Комисијата.

Со барањето корисникот приложува:

– Решение за користење на станот

– фотокопија од лична карта,

– уверение за државјанство на барателот,

– потврда издадена од Агенција за катастар на недвижности со кои корисникот потврдува дека нема во сопственост стан или куќа на територијата на Република Северна Македонија или во сопственост на член на неговото семејно домаќинство

– Потврда од Министерството за одбрана дека е во работен однос или бил во работен однос во Министерството за одбрана и АРМ најмалку десет години

Документацијата се доставува во оригинал или копија заверена на нотар, не постара од шест месеци.

Барањата се поденсуваат во рок од 6 месеци од донесување на Законот, што значи дека корисниците веќе можат да ги поднесуваат барањата.

Во однос на продажната цена на станот, таа се утврдува врз основа на градежната вредност, трошоците за уредување на градежното земјиште, местоположбата и амортизацијата на станот. Цената ја утврдува АД стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

Корисниците на станови кои нема да поднесат барање за купување, тогаш правото на користење на станот се трансформира во право на закуп. Тоа подразбира дека лицата корисници кои нема да поднесат барање за купување, ке склучат договори за користење преку месечна кирија што ќе ја одреди АД за стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

Со ова уште еднаш покажуваме подденакво грижа за сите граѓани” истакна министерот Бочварски.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте