spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВерувам во Илиевски како што верувам во себе си, знам дека секогаш...

Верувам во Илиевски како што верувам во себе си, знам дека секогаш имал конкретен план, реален, остварлив и прецизно обмислен

Потпреседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски потенцираше дека ставот кој го имаме е избор, како што е и среќата.

„И оптимизмот и љубезноста се избор, по кои сте познати надалеку, впрочем како и помагањето и почитувањето врз кои се темели овој херојски град. Тоа се обележјата на Куманово и на вас, мои сограѓани! Вие секогаш сте биле свесни дека изборите кои ги правите оставаат длабока трага врз вашите животи, врз нашето Куманово. Затоа, и на 17 октомври избирајте мудро!“, потенцираше потпреседателот и министер Спасовски.

Спасовски изрази сигурност дека познавајќи ги своите кумановци е убеден дека изборот на 17 октомври нивниот избор ќе ги рефлектира надежите а не стравотите.

„Затоа вечерва пред вас е НАЈДОБРОТО – за граѓаните, за вашето семејство, за вашето маало, за Куманово – Оливер Илиевски, како наш кандидат за градоначалник и листата на 33 кандидати за советници од редовите на СДСМ и коалицијата, предводена од Атина Мургашанска. Станува збор за квалитетни и докажани личности од различни сфери на општественото живеење, совршен микс на младост и искуство, на полетност и ентузијазам, во корелација со искуство и професионален бекграунд, кој ќе донесе заедништво и развој на овој град.“, потенцираше Спасовски.

Тој истакна дека со кандидатот Оливер Илиевски делат исти вредности на чесност, другарство, одлучност и пожртвувана работа и се стремат кон иста цел, економски силна и развојна држава за сите наши сограѓани без разлика на етничка и верска припадност.

„Верувам во него, ко што си верувам себеси си. Знам дека секогаш имал конкретен план, реален, остварлив и прецизно обмислен. Докажал дека е подготвен секому да помогне, дека си ги знае предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани и е насочен кон нивно решавање, а не кон заташкување ‘под тепих’. Има визија за поквалитетен живот, за економски развиен, зелен и еколошки чист град. Нашиот иден градоначалник е човек на Куманово, домаќин по убедување, кому семејството му е светост, пријател по вокација. Тој, што би рекле моите сограѓани „Не живи за да му пројде д’н“, туку во своето секојдневно работење се води од онаа познатата кумановска поговорка „Дрво се наслања на дрво, а човек на човека“. Затоа е најдобар!“, потенцираше Спасовски за Илиевски.

На крај Спасовски потенцираше дека СДСМ ја има најдобрата политичка понудана политичката сцена, како секаде, така и во Куманово.

Како дел од Владата вети дека сите приоритети, сите проекти ќе добијат финансиска поткрепа од Владата да го олеснат и разубават животот на кумановци и да додадат функционалност и естетика на Куманово.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...