spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: “Балканот меѓу европската интеграција и регионалната соработка"

МНР: “Балканот меѓу европската интеграција и регионалната соработка”

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес учествуваше на меѓународната научна конференција на тема “Балканот меѓу европската интеграција и регионалната соработка“, во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

 

Во обраќањето, Министерот се осврна на процесите на евроинтеграција и регионална соработка, оценувајќи ги како наша стратешка определба и избор за иднината. Истакна дека целосната интеграција во ЕУ на сите земји од регионот е најрационалното и најлогичното сценарио, што ќе биде во функција на создавање на Унија која ќе егзистира обединета, просперитетна и во мир.

“Западен Балкан или како што повеќе сакам да го именувам, Југоисточна Европа не е изолиран остров, туку се наоѓа во срцето на Европа. Сите наши врски, сите наши патишта се вкрстуваат со ЕУ. Процесот на евроинтеграција и процесот на регионална соработка се комплементарни и водат кон истата цел, членство во ЕУ на овој регион.” истакна министерот Османи.

На настанот се обратија и многубројни претставници на академската фела од земјата, регионот и пошироко.

 

 

 

Извор: Министерство за  надворешни работи 

Прочитајте