spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Програма за чествување на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија

Гевгелија: Програма за чествување на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија

3 ноември (среда)

18:00 часот: Изложба на фотографии „Уменците и Пресвета Богородица“- црква „Свети Кирил и Методиј“

На изложбата ќе бидат прикажани најстарите икони и фрески од црквата „Раѓањето на Пресвета Богородица“ од селото Ума, како и фотографии од секојдневниот живот, облековна култура и архитектура на жителите од Ума.
Настанот посветен на традиционалната култура е во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија во соработка со Здружението на Власи „Мегленија“- Гевгелија и Свештенството од Гевгелиската парохија, а под покровителство на Министерството за култура.

20:00 часот: Изложба од Работилницата за фотографија 2021 година- Пионерски дом- Гевгелија,

Во организација на Пионерски дом- Гевгелија, по втор пат се одржa Работилница за фотографија, под менторство на Димитар Новаков. Реализацијата на проектот се состоеше од предавање, општо запознавање со: основите и историјатот на фотографијата, фотографирање, запознавање со елементарните постулати- смисла за композиција, фотографирање – пејсаж, апстрактни решенија, објекти, портрет, фотографирање- ден и ноќ.
Едукацијата за фотографијата и експлоатација на нејзините можности се дел од целите на оваа работилница. Изложбата на делата ќе биде поставена во просториите на Пионерски дом- Гевгелија и истата е видувањето на стварноста преку фотографијата која како медиум дава нови перспективи за доживување на светот.

5 ноември (петок)

19:30 часот: Мултиетнички фолклорен фестивал „Фолкорен ѓердан“- Народен театар- Гевгелија

Во организација на Пионерски дом- Гевгелија и Ансамбал „Бојмија“, ќе биде одржан традиционалниот „Фолклорен ѓердан“, Мултиетнички фолкорен фестивал, поддржан од Министерството за култура и Општина Гевгелија. Настапуваат: „Ансамбал Бојмија“- Гевгелија, Фолклорно студио „Етнос“- Скопје, КУД „Српски вез“- Куманово, КУД „Јахи Хасани“- Чегране, Гостивар и АНПИ „Јонче Христовски“- Скопје. Проектот е поддржан од Министерство за култура и Општина Гевгелија.

Сценска адаптација на ора и песни „Мегленски Власи од село Ума и Конско“ во организација на Ансамбал „Бојмија“, проект поддржан од Министерството за култура и Општина Гевгелија.

6 ноември (сабота)

15:00 часот: „Гевгелија на точак“

Во организација на Здружението на граѓани „Чејнџмејкерс“- Гевгелија, по вторпат ќе биде одржан спортскиот настан „Гевгелија на точак“. Стартот започнува од Старото собрание на градот, каде што започнувале многу популарните велосипедски трки во минатото. Спортскиот настан е поддржан од Општина Гевгелија.

6 ноември (сабота)

19:00 часот: Театарска претстава „Вообразен болен“– Народен театар- Гевгелија,

Во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, ќе гостува комедијата од Молиер „Вообразен болен“, во изведба на театарската екипа при НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово, а во режија на Драгана Гунин. Играат: Мирослав Петковиќ, Александра Михајловска, Владанка Димковска, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ, Жарко Јовановиќ и Ангела Стојановска.

7 ноември (недела)

09:30 ч.: Атлетска трка NOVEMBER RUN Gevgelija 2021

Прва улична трка на 5 и 10 km во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија. Истата е организирана да биде реализирана според правилата на IAAF (Меѓународната атлетска федерација). Во соработка со Атлетската федерација на Македонија ќе се одржи и државното првенство во трчање на 10 километри.
На трката ќе земаат учество повеќе од 600 љубители на трчањето од земјата, како и гости натпреварувачи од Словенија, Грција, Косово и Србија.

11:00 ч.: Полагање цвеќе на спомен обележјата во Гевгелија (на спомен бистите на народните хероји и на првоборците во НОВ, на споменикот на Сава Михајлов и на Спомен костурницата).

 

Плакати за Седмоноемвриска програма

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...