spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Советниците ги избраа новите општински комисии

Прилеп: Советниците ги избраа новите општински комисии

Во големата сала на Општина Прилеп вчера беше одржана втората  седница на Советот на која што беа усвоени предлог решенијата за формирање на комисии.

За сите постојани  и привремените работни тела и комисии што ќе работат во состав на општинскиот Совет беа избрани членови и претседатели.

 

Со мнозинство гласови „за“ беа формирани следниве комисии: Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници, Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој, Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, Комисија за општествени дејности и правата на децата, Комисија за Статут и прописи и Комисија за елементарни непогоди, Комисијата за месна самоуправа и  за родова еднаквост.

„Денес  Советот ја одржа својата втора седница, причината е една и едноставна не очекува за два дена одбележување на 3-ти Ноември, ослободувањето на град Прилеп, а за да тоа се случи беспрекорно, односно да функционира Советот во ред како што е предвидено со Статутот за работа и Деловникот за работа на Советот на Општина Прилеп,  мораше да биде формирана најпрво Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници, заради тоа што мора да се потврди, измени или дополни одлуката која што беше донесена од советници, односно од Комисијата составена од советници од претходниот состав на Советот на Општина Прилеп,  донесена на 14.10.2021 година. Заради тоа што повеќе мандатите на тие советници неважат мора оваа одлука да биди потврдена, изменета или дополнета од новиот  состав на Комисијата за  одбележување значајни настани, личности и празници,  и во таа насока беше закажана оваа седница. Се расправаше на тринаесет точки и  како што спомнав  се донесоа решенија за формирање на сите работни тела кои што функционираат во Советот на Општина Прилеп и кои што се во склоп на Локалната самоуправа.  Со тоа ја завршивме втората седница и сметам дека и во иднина ќе имаме плодна работа по тоа што како прва  оценка можеме да го дадеме за оваа седница“, изјави претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

На новинарско прашање за јавноста на седниците, претседателот Проданоски одговори дека,  за тоа да се случи  согласно сите законски прописи  и согласно Статутот и Деловникот за работа мора на наредната седница да се донесе  одлука за седниците на Советот во иднина да бидат  пренесувани  на некој медиум и да бидат јавни.

Во рамките на втората работна седница на Советот беше верификуван еден мандат на член на Советот, а исто така беа именувани и членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во Прилеп и месните канцеларии во Плетвар, Тројаци, Старо Лагово, Витолиште, Дуње, Тополчани, Канатларци и Мало Коњари.  На оваа седница беше формирана и Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандатот 2021 – 2025 година.

 

 

 

 

Извор: Општина Прилеп 

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...