spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМицевски до Скендер-Зејди: Ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народ...

Мицевски до Скендер-Зејди: Ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народ делегитимирана влада

Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада!
Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание.
Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ.
Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание.
Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина.

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...