spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Изградба на полигон за Велосипеди

Велес: Изградба на полигон за Велосипеди

Градоначалникот Марко Колев изврши увид на градежните активности за изградба на модерен полигон за велосипеди ( PumpTrack) во Велес. Полигонот за велосипеди ќе биде на површина од 660 м2, и е совршено место за учење на основните вештини за возење на велосипед. Се наоѓа во Градскиот парк кај поранешниот скејт парк.

Дополнително, Општина Велес размислува на дополнување на останатиот дел од овој простор за иновативни велосипедски активности со што овој простор ќе биде пријатно катче за спорт и разонода за сите генерации. Со завршувањето на сите градежни активности, патеката за велосипеди се очекува да биде во функција во средината на месец декември.

За изградба на адреналинската патека за велосипедисти, се обезбедени 4.000.000 денари од буџетот на Општина Велес.

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...