spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Показни вежби за евакуација во случај на пожар и гасење со...

Велес: Показни вежби за евакуација во случај на пожар и гасење со ПП апарат во основните и средните училишта

По барање на вработените во основните и средните училишта во Велес, Територијалната противпожарна единица одржа низа показни вежби за евакуација во случај на пожар и гасење на пожар со ПП апарат.

Во текот на изминатата недела обуки на вработените се одржаа во општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во Средното стручно училиште „Коле Неделковски“, економското училиште „Јовче Тесличков“.

Вработени од територијална единица Велес извршија едукација на вработените за евакуација во случај на пожар и начин на употреба на ПП апарати, евакуација на сите ученици и вработени од училиштето со напуштање на училишната зграда како и практична примена на апаратите за гасење на пожар во училишниот двор.

Показни вежби ќе се одржат и во општинските основни училишта „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“, како и во средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“.

 

 

 

 

Извор: Општина Велес

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...