Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со Шефот на Делегација на Европската унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир.
На средбата се зборуваше за предизвиците кои го очекуваат Градот Скопје, а Арсовска го информира амбасадорот Гир за приоритетите на новата администрација во наредните четири години со цел креирање на подобар квалитет на живот за граѓаните, но и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Град Скопје.
Амбасадорот Гир и го честиташе изборот на Арсовска за градоначалник, со желба за успешна работа и проширување и продлабочување на соработката помеѓу Градот Скопје и Делегација на Европската унија во Скопје. Тој додаде дека се надеваат дека Град Скопје ќе продолжи да се развива во насока да стане почист и поеколошки град, град кој нуди подобри услуги и се стреми да прерасне во дигитален град.
Извор: Град Скопје