Центар: Транспарентноста пред сѐ – за првпат јавно достапни извештаите од жири комисиите

ОпштиниЦентар: Транспарентноста пред сѐ – за првпат јавно достапни извештаите од жири...

Најчитано

Општина Центар за првпат јавно објавува извештај за работа и резултати за предложени идејни решенија за одреден проект во општината.

Општина Центар и новото раководство вети транспарентно работење и јавно го објави извештајот на претседателот на жири комисијата за избор на идејно решение за локалитетот на фабриката „Треска“, Арх. Миодраг Радоњиќ Бато.

Станува збор за извештај кој се однесува на три конкурсни трудови кои на Жири комисијата предводена од арх. Миодраг Радоњиќ  Бато – Претседател,  делегиран од АА при ААМ беа предадени на 05.10. 2021год.

Имено, за идејно решение за локалитетот на фабриката „Треска“, прворангиран е конкурсниот труд со шифра „ГДВОР“ со доделена ВТОРА НАГРАДА во износ од  369.000,00 денари изработен од група автори Јован Ивановски, Паолина Милушева, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски, Билјана Темелковска и  Маја Јанковска.

Со конкурсното решение се предлага просторен концепт оформен од пет полуотворени станбени блокови, отворени кон централниот парковски простор со комбинирана катност од  П + 4 до П + 8 лоцирани долж ул. „ Ф. Рузвелт“, централно поставен парк подолжно во правец север-југ како и станбени низови со катност П + 3 и П + 4 долж улицата „ А. Циборовски“. Со самата форма на блоковите оформени се интимни дворови за станарите и истите се поплочани и озеленети и сите се ориентирани кон централниот парк.

Второрангираниот конкурсниот  труд со шифра „SRHNC“ со доделен ОТКУП во износ од 30.000,00 денари, е дело на Сара Симоска, Лимба Минова Златески, Ружица Станковиќ, Нина Стрезовска,  Христијан Пелтековски и Теодор Ангеловски.

Со ова конкурсно решение се предлага просторен концепт оформен од станбени блокови со катност П + 6 и станбени кули со катност П + 17 ,со намена А2 – домување, поврзани меѓу себе со внатрешни отворени атриуми.

Композицијата на станбените целини е со високи и пониски објекти и партерното уредување и организација на атриумите со содржини за одмор, рекреација и можности за културни збиднувања.

Додека автор на треторангираниот конкурсниот труд со шифра „КСИНГ“ со доделен ОТКУП во износ од 30.000,00 денари е Јане Стојаноски.

Неговото конкурсно решение се базира врз сеопфатна анализа на поширокото градско подрачје со цел да се интегрира просторот на ф-ка „ Треска “ преку препознатливи вертикални акценти долж улицата „ М.Т.Гологанов“. Конкурството решение нуди вертикален елемент- кула од 71,60м со П + 16 со намена Хотел, на аголот на улиците „М.Т.Гологанов“ и „Рузвелтова“ со голема парковска површина – парк- Шума и парк – Ливада со водена површина помеѓу, со што се овозможува интеграција на населбите „ Буњаковец“ и Тафталиџе“. Домувањето е концетрирано во два атриумски блока како реминисценција на „ Железничка колонија“ и два линеарни станбени блока,  долж улицата „Адолф Циборовски“. Предвидените станбени единици се воглавно дуплекс станови. Во проектот е вклучена и детска градинка лоцирана периферно во директен контакт со зеленило.

Овие три трудови за кои жири комисијата дава различни оценки во следниот период ќе бидат изложени во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ со цел граѓаните да ги видат и нивните графички прикази.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе