Советот на Општина Илинден ја одржа Втората вонредна седница на која советниците изгласаа Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Илинден за 2021 година, со цел порационално искористување на средствата во Буџетот.
Градоначалникот Александар Георгиевски ги информираше советниците дека веднаш по преземањето на градоначалничката должност извршен е вонреден попис на побарувањата и обврските на Општината, заклучно со 31 октомври 2021 година.
Притоа, како што рече тој, за таа намена формирана е комисија која што утврди состојба на неколкукратно поголеми доспеани обврски од побарувањата, од кои, поголемиот дел се пристигнати во периодот од 1 до 31 октомври 2021 година, за време на процесот на локалните избори. За ова, додаде градоначалникот Георгиевски, поднесен е комплетен извештај од страна на комисијата.
На седницата беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Илинден за периодот од 01.01.2021 година до 30.09.2021 година, а советниците донесоа и одлука за дополна на Одлуката за извршување на буџетот на општина Илинден за 2021 година.
На истата седница беше донесена и Одлука за одобрување на Планот на програми за развој на буџетот на општина Илинден за 2022 година, со што е почнато изготвувањето на буџетот на општина Илинден за наредната година.
Извор: Општина Илинден