spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Надградба на ГИС апликацијата во процесот на урбанистичко планирање и целосна...

Куманово: Надградба на ГИС апликацијата во процесот на урбанистичко планирање и целосна транспарентност

Општина Куманово воведе Географско информациски систем (ГИС) во септември минатата година, со што овозможивме да биде достапна целата урбанистичка документација на територија на Општина Куманово онлајн.

Овој систем веќе го користат голем број граѓани, а ние како Општина се стремиме кон негово усовршување и надградување. Сега се врши надградба на системот со 3 нови модули, а особено значајно за јавноста е тоа што сега имаме модули за организирање на јавна анкета и јавна презентација, кои што овозможуваат целосна транспарентност во постапка на донесување на урбанистичката документација и можност за добивање на известувања врз база на точки на интерес.

Секој заинтересиран граѓанин на веб страната на Општина Куманово преку веб апликацијата ГИС, ќе може да се регистрира со свое корисничко име и емаил адреса и да внесе одредени точки на интерес во подрачјата кои го интересираат. Кога нешто ќе се менува на тоа подрачје или ќе има одредени активности во овој домен, корисникот ќе може да добие емаил известување кога за тој дел од градот ќе се организира јавна анкета или јавна презентација, однос ќе се донесува нов урбанистички план. Со тоа постапката за донесување на урбанистички планови ќе биде целосно транспарентна, а граѓаните ќе имаат можност да бидат навремено информирани согласно нивните лични интереси и преку модулите за јавна анкета и јавна презентација директно да се вклучат во оваа постапка. По повод овие надградби на системот, денеска беше организирана обука за користење на новите модули на ГИС за вработените во Секторот за урбанизам при Општина Куманово, од страна на компанијата ИНЦ Системи ДООЕЛ Скопје, кои се креатори на оваа софтверско решение. Општина Куманово ќе продолжи да се стреми кон дигитализација на сите услуги за граѓаните, правејќи ги подостапни и транспарентни, со фокус на директна вклученост на граѓаните во локалните политики.

 

 

 

 

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...