Васе Неданоски на 03.11.2021 година, согласно член 48 став 3 и 49 од Статутот на Синдикатот на УПОЗ, беше разрешен од претседател на Синдикалната организација при Управата за јавни приходи. Ова разрешување, доаѓа како резултат на деструктивното делување подолг период со што ги доведе во заблуда и членовите на Синдикаланта организација при УЈП. За апсурдот да биде поголем, Васе Неданоски иако разрешен на 04.11.2021 година, организира изборен состанок со поверениците на СО при УЈП и одржа изборно Собрание на синдикалната организација.
И покрај неколкуте укажувања и дадени шанси од старна на Претседателот Пецо Грујовски и Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, да престане со непочитувањето на Статутот и Одлуките на Претседателството, Васе Неданоски продолжи континуирано да делува деструктивно, кршејќи го Статутот на Синдикатот на УПОЗ.
Во месец октомври, Васе Неданоски од синдикалната членарина на членовите на СО при УЈП, на седум повереници, на нивните лични сметки, им уплатил износ од 15.000 денари со што се стекнале со финансиска корист за која до ден денес, не се доставени и оправдани тие износи. За ваквите постапки, ќе бидат известени органите на прогон, со цел да се преземат сите потребни акивности за расветлување на ваквите постапки.
На 05.11.2021 година, и покрај неговото разрешување и своеволно размислување, Васе Неданоски неосновано подигува готовина во износ од 230.000 денари, од сметакта на Синдикалната организација кои не се оправдани. По укажувањето на сметководството на Синдикатот на УПОЗ за ваквите дејствија, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ беше принуден со цел да ги заштите средствата на Синдикалната организција при УЈП согласно член 33 став 2 (“Во исклучителни случаи, поради неправилности во работењето, Претседателот на Синдикатот може времено да ја блокира трансакциската сметка на синдикаланта организација, по што е должен за тоа веднаш да го извести Извршниот одбор на Претседателството на Синдикатот”) го блокира потписот од сите подсметки на СО при УЈП. Со ваквата постапка, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ ги заштити од злоупотреба средствата на членовите на Синдикалната организација. Надзорниот одбор на Синдикатот на УПОЗ во периодот кој следи, ќе ја провери работата на СО при УЈП во периодот од разрешувањето на Васе Неданоски, со цел да утврди неоснованото подигунување на готовина. Тие средства по изборот на новото раководство, ќе бидат деблокирани и ќе остануваат на синдикалната организација а по избор на ново раководство, истите ќе им бидат достапни на располагање членовите на Синдикалната организација при УЈП.
Имајќи ги во предвид ваквите против Статутарни и против законски дејствија на Васе Неданоски, на 29-тата седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ на 15.11.2021 година, донесе Одлука за негово исклучување од членството од Синдикатот на УПОЗ.
Оваа одлука на Претседателството се поткрепи со тоа што, Васе Неданоски на 26.11.2021 година, е впишан како Претседател на Синдикалната организација при Управата за јавни приходи на РСМ на друг Синдикат кој тој го основал. Со ова се потврди и намерата тој да ја одвои и растури Синдикалната организација при Управата за јавни приходи членка на Синдикатот на УПОЗ.
Синдикатот на УПОЗ во најбрз можен период ќе организира избор за нов претседател на СО при УЈП, раководство кое на членовите ќе им ги посочи сите информации за работењето на Синдикалната организација при УЈП а со тоа ќе продолжи да се работи во интерес на членовите а не на поедницни во УЈП.
Извор: УПОЗ