На средбата претставниците на Здружението „Мирсија“ ја презентираа својата амбициозна програма во однос на давање не само материјална помош, туку и нивните напори за морална и психолошка поддршка на лицата со попреченост.
Од наша страна понудив и морална и институционална поддршка на лицата со посебни потреби и потсетив дека секогаш и во сите области сме помагале на оваа категорија на население и ќе продолжиме со сите сили и можности да им помагаме.
Извор: Општина Чаир