spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаESB во Македонија

ESB во Македонија

 

  • 1. Што преставува ESB за Администрацијата и Јавниот сектор?

 

ESB е доживотен меѓународно признат сертификат кој им е потребен на администрацијата и јавниот сектор како потврда на нивните јазични способности и познавањето на англискиот јазик. Воедно, со самото влегување на ESB во Законот за јавна администрација за Високо раководни функции станува и дел од задолжителните квалификации кои вработените мора да ги имаат доколку сакаат да напредуваат во своите кариери.

  • 2.Кои се предностите на ESB и каков сертификат за познавање на англиски јазик преставува?

 

Земајќи го ESB од една страна и споредувајќи го со сите останати сертификати кои се присутни во Република Северна Македонија можеме да истакнеме повеќе предности. Најпрво, сертификатот е доживотен што значи кандидатите кои ќе се стекнат со ваков сертификат не мора повторно да се изложуваат на трошоци, како и да вложуваат време и напор да го полагаат. Второ, економски е поисплатлив затоа што е со пониска цена што е и тоа како битно за сите вработени во јавниот сектор. Понатаму се полага онлајн и тоа кандидатите го полагаат од своите домови, а со тоа имаат намален стрес при полгањето.

 

  • 3.Колку фази и постапки постојат за да се положи ESB – Меѓународниот сертификат за познавање на англиски јазик?

 

Постапката за добивање на ваков сертификат е едноставна. Кандидатот треба да одлучи за кое ниво би сакал да полага. Доколку не знае тимот на ESB ќе му помогне за да може да го полага соодветното ниво.  Потоа постои соодветна подготовка која може да биде минимална од неколку часови доколку кандидатот нема потреба од повеќе или пак тоа да бидат толку часови за обука колку што му е потребно. Писмениот дел се полага на секои две недели, а усниот се закажува веднаш после писмениот.

 

 

  • 4.Колку работни позиции и нивоа се опфатени со ESB и дали со ESB – Меѓународниот сертификат за познавање на англиски јазик можеме да се вработиме во администрацијата и јавниот сектор?

 

 

ESB може да го полага секој, но поконкретно според новиот закон за Високо раководни функции сите оние кои што имаат желба и сакаат да напредуваат во своите кариери потребно е да го имаат.

 

  • 5.Колку центри за Странски јазици во Северна Македонија ја поседуваат лиценцата за ESB – Меѓународниот сертификат за познавање на англиски јазик?

 

Во моментот има седум овластени центри за ESB меѓу кои еден е и Универзитетот за Туризам и Менаџмент во Скопје.

  • 6.Дали е овозможена Стручна подготовка при полагање на ESB – Меѓународниот сертификат за познавање на англиски јазик од ваша страна, од што се состои таа подготовка и колку време има важност ESB Сертификат?

 

Како што веќе напомнав во фазите за подготовка, постои стручна подготовка од нашите тимови кои се целосно на располагање на сите заинтересирани кандидати. Подготвката варира зависно од потребите и желбите на кандидатите. ESB сертификатот уште еднаш да повторам е доживотен.

 

 

  • 7.Во кои дејности, професии и струки ви е потребен ESB Меѓународниот сертификат за познавање на англиски јазик?

 

Секој оној кој сака да го заокружи своето знаење и да добие потврда за него треба да го полага овој сертификат бидејќи сите ние треба да вложуваме во себеси. Но, ако се раководиме од потребата да се поседува тогаш сите раководни позиции, одговорни лица, директори, шефови, раководители на сектори, началници и други треба да имаат ваков ESB сертификат за англиски јазик.

 

Доц. Д-р Весна Милевска
професор по англиски јазик на Универзитетот за Туризам и Менаџмент – Скопје  и овластен преставник на ESB за Македонија и Србија

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...