spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: Започна новогодишното украсување

Пехчево: Започна новогодишното украсување

Служби од ЈКП. „Комуналец“ – Пехчево, завчера на плоштадот Св.Петар и Павле во Пехчево започнаа со поставување на новогодишни реквизити и украсување на градот во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Најразновидни светилки, светлосни фигури, дедомразовци, снешковци и многу други украси годинава се очекува да го разубават периодот околу новогодишните и божиќните празнувања во центарот на Пехчево.

Имено, како што најавија претходно од локалната власт, одлучено е за новогодишно украсување да се користат старите реквизити и материјали со кои располага Општината. Тоа значи дека од Општинскиот буџет за новогодишно украсување нема да бидат користени дополнителни средства.

Според градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, поради енергетската криза и воопшто потребата од заштеда на средства, одлучено е градот, односно неговото централно градско подрачје да бидат украсени со новогодишните украси, со кои располага Oпштината.

-Оваа година, Локалната самоуправа предвиде симболично украсување на општината, имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, енергетската криза и тешката финансиска состојба. Средствата кои требаше да бидат потрошени за новогодишно украсување, ќе бидат наменети и искористени за други цели, односно за реалните потреби на нашите сограѓани или таму каде што е најпотребно, истакна градоначалникот Китански.

Тој додава дека украсувањето на градот ќе придонесе за посреќни моменти на најмладите, но и на повозрасните, со што на тој начин нема да им го ускратиме задоволството на граѓаните да го почувствуваат новогодишниот амбиент, рече Китански.

Со тоа уште еднаш новоизбраниот градоначалник докажува дека Локалната самоуправа продолжува со рационализација на буџетските средства и нивно насочување кон реалните потреби на граѓаните.

Активностите за украсување се очекува да завршат до четврток.

 

 

Извор: Општина Пехчево 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...