spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Маричиќ на предновогодишни дружење со децата во ВПД Волковија

МП: Маричиќ на предновогодишни дружење со децата во ВПД Волковија

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера го посети Воспитно-поправниот дом Волковија каде што на децата им подари новогодишни пакетчиња. Маричиќ на 19 деца кои се наоѓаат во ВПД Волковија им ја честита новата година и им посака многу здравје, среќа и личен напредок во 2022 година. Маричиќ од децата доби благодарница и рачно изработен украс.

-На децата кои се наоѓаат тука им посакав добро здравје, да учат, да се надградуваат и откако ќе излезат да бидат луѓе кои со своето знаење и вештини ќе придонесуваат во заедницата. Директорот ме информираше за состојбата во домот  која е редовна. Децата посетуваат настава и имаат работни ангажмани за нормално функционирање на установата. Многу сум задоволен што гледам дека сите деца тука ги имаат сите услови за нормален развој и услови за престој, изјави по средбата министерот за правда.

Инаку, со Маричиќ во Волковија беа и директорот на Управата за извршување на санкциите Марјан Спасовски и претседателот на Судот во Кавадарци Лазар Нанев кој на децата им подари спортска опрема.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте