spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Активности за комплетна промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ...

Охрид: Активности за комплетна промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство “ – Лескајца

Во тек се градежни активности за комплетна промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство “ – Лескајца. Со оваа активност ќе се надмине долгогодишниот проблем на губиток на водата кој го имаше оваа образовна институција. Средствата во вкупен износ од околу 600 000 денари се обезбедени од буџетот  на Општина Охрид.

За наредната 2022 година во ова училиште се предвидуваат активности за промена на електричната инсталација, реконструкција на тоалетите, дренажа околу објектот на училиштето и изведба на енергетски ефикасна фасада. Сите овие активности придонесуваат за поквалитетна настава во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца.

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...