spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Прво новороденче во 2022 година

Охрид: Прво новороденче во 2022 година

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2022 година. Новороденчето го посети градоначалникот Кирил Пецаков, кој го дарува со пригодни подароци.

Градоначалникот Пецаков упати честитки до семејството Миткоски за нивната принова и им посака да бидат здрави, среќни и успешни, а новороденчето да  израсне  во среќен и успешен човек. Тој упати честитки и до лекарскиот тим задолжен за породувањето, докторите, Катерина Попоска, Владо Уситјаноски, анестезиологот Јован Недески, педијатарот Весна Паскали и до целиот медицински персонал.

Новороденото дете е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...