spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Почитувани,

Поради влошување на состојбата со КОВИД-19 во Република Косово, нивните власти вчера донесоа нова одлука, која итно уште од денес стапи на сила, а со која се засилува режимот за влез на државјаните на Република Северна Македонија.

Со новата одлука, за влез во Република Косово потребно е да се приложи потврда за примена трета доза вакцина против Ковид 19, или потврда за две дози на вакцина заедно со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.

И со новата мерка ограничувањата не важат за влез на малолетни лица до 12 години како и одредени исклучоци кои се поврзани со транзит низ земјата, слетување и полетување на приштинскиот аеродром и други случаи во кои лицата не престојуваат подолго од 3 часа во земјата.

Додека лицата кои не се вакцинирани поради здравствени причини, при влез во Косово се задолжени да поседуваат потврда за истото од доктор специјалист заедно со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте