spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Претставници на Заедницата на Србите во Македонија во Битола на средба...

Битола: Претставници на Заедницата на Србите во Македонија во Битола на средба со градоначалникот Коњановски

По повод празникот „Свети Сава“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски имаше средба со претставници на Заедницата на Србите во Македонија во Битола. Коњановски, честитајќи го празникот, на сите припадници на српската заедница во нашата држава им посака многу здравје и понатамошна соработка во интерес на реализација на заложбата за подобра иднина на денешните и генерациите кои доаѓаат.

„Би сакал да го честитам празникот Свети Сава, големиот ден на Српската заедница во Македонија и во Битола, да посакам многу здравје и да ја продолжиме оваа традиција на заедничко празнување. Традицијата и корените се многу битни за опстојување на еден народ, затоа мора да се почитуваат. Од нив ја црпиме нашата сила. Денес, треба да продолжиме да работиме заедно, како два пријателски народи кои ќе ги негуваат традициите и ќе работат за иднината на нашите деца“, изјави Градоначалникот Тони Коњановски, на денешната средба со претставниците од срската заедница.

Градоначалникот Коњановски, на средбата беше информиран за тековната работа на Заедницата на Србите од Битола, како и за понатамошните планови насочени кон продлабочување на соработката со локалната самоуправа.

„Почитуван Градоначалник, да се заблагодарам во името на Заедницата на Срби од Битола, што најдовте време да не примите денес, на овој голем празник за нас, Свети Сава, националниот празник на Србите во Република Македонија. Би ви посакал успешна работа како градоначалник и се надевам со Вашето доаѓање ќе имаме една многу поконструктивна и подобра соработка и ќе оствариме многу проекти што ќе бидат од интерес на нашиот град, на Заедницата на Срби и сите граѓани на Битола. Во таа чест, ви подаруваме еден Зборник кој го издадовме минатата година, Ви го предаваме на денешен ден, на Свети Сава, кој не само што беше архиереј на Српската православна црква, беше и политичар и професор, учител и доктор, така што сите тие обединети работи во Свети Сава, ги гледам и кај Вас. Вие сте по вокација доктор, влеговте во политичките води, како градски татко и се надевам дека и со благослов на Свети Сава, ќе го водите градот многу поуспешно“, изјави Зоран Жугиќ.

Претседателот на Заедницата на Србите во Македонија во Битола, Зоран Жугиќ, на градоначалникот Коњановски му подари Зборник „Сто години од пробивањето на Солунскиот фронт“, во кој се обработени над 30 научни трудови од познати македонски и српски историчари, научни работници и книжевници.

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте