spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Ќе се изведува атмосферска канализација на ул.„Манчу Матак“

Ѓорче Петров: Ќе се изведува атмосферска канализација на ул.„Манчу Матак“

Согласно Договор за изведба на под-проектот “Реконструкција на различни улици во урбаното општинско подрачје на општина Ѓорче Петров”, предвидено е изведба на атмосферска канализација на ул.„Манчу Матак“ и реконструкција на горниот строј на улицата по цела нејзина должина, со поставување нов асфалт.

Во овој момент, во завршна фаза е изградбата на атмосферската канализација, чија вкупна должина изнесува L=808,30m’. Согласно позитивните препораки на ЈП Водовод и канализација-Скопје, општината проектираше и изведе сепаратна продолжена атмосферска мрежа од ул.„Манчу Матак“ , чија траса води под асфалтот и осовината на ул.„Кичевска“-директно до испустот во крајниот реципиент -р.Вардар.

Со изградбата на атмосферската канализација на ул.„Манчу Матак“ ќе се постигне организирано собирање и одведување на површинските/атмосферски води по цела нејзина должина со поставување на 23 лиено-железни сливници, како и превенција од поплавување на станбените објекти лоцирани долж цела траса на улицата.

Паралелно со завршување на фазата за изведба на атмосферска канализација, изведувачот на терен започна со земјени ископи и поставување тампонски слој, по што следува фазата – поставување бетонски рабници и изведба на тротоари, чиј почеток е најавен во текот на следната недела.

На овој начин, со изведба на атмосферската канализација и целосната реконструкција на ул.„Манчу Матак“, ќе се максимизира техничкиот век на улицата, со што долгорочно ќе се задоволат потребите на заедницата од овој урбан дел на општина Ѓорче Петров.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...