spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРаботиме посветено на отворените прашања со Бугарија, сакаме брзо, но не и...

Работиме посветено на отворените прашања со Бугарија, сакаме брзо, но не и избрзано решение

Вицепремиерот Бојан Маричиќ гостуваше во емисијата Топ тема на ТВ Телма, каде говореше за предвидените активности во евроинтегративниот процес и можното затворање на отворените прашања во претстојниот период.

– Не бегаме од отворените прашања. Ги знаеме темите и разговараме на нив. Исто така ги знаеме и позициите. Нашите позиции се водени од декларацијата изгласана во собранието и врз основа на таа декларација влегуваме во разговорите со Бугарија за сите отворени прашања, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ во однос на преговорите со Бугарија рече дека Владата сака брзо, но не и избрзано решение со соседите, иако брзата динамика наложува да се отвораат сите прашања во краток рок. Според него сепак преговорите не може да траат вечно, потребно е да се затворат прашањата, но и покрај тоа вели дека не сака да се оперира со датуми и да се бројат денови, туку наместо тоа смета дека треба да се работи.

Во однос на очекуваниот почеток на пристапните преговори со ЕУ, Маричиќ рече дека новата методологија која ја иницираше Франција е усвоена и таа дава гаранции дека тие кои работат на реформите ќе одат напред, а ако заостануваат ќе се враќаат назад. Од аспект на траењето на процесот, вицепремиерот Маричиќ има реални очекувања, врз основа на искуствата од други земји.
– Во споредба со другите држави досега, процесот не одел пократко од 4 до 5 години. Србија и Црна Гора веќе 10 години се во преговарачки процес и не е на повидок да биде завршен. Ние само бараме веднаш да ги почнеме преговорите, кажа Маричиќ.

На крајот од разговорот вицепремиерот Маричиќ посочи на активностите кои планира да ги реализира во однос на подобро искористување на ИПА, како и реформските приоритети.

– Околу 87 % од ИПА 2 се контрактирани, што значи дека се потпишани договори, а околу 58 % од тие договори се реализирани или исплатени. Секако дека има простор за подобрување, особено во одредени области, токму затоа работата на СЕП ќе биде да им предочи на институциите кои се можеби послаби во имплементацијата на ИПА средствата тоа да го подобрат со наша помош, се разбира и со агенциите кои ги спроведуваат парите. Тоа што планирам да го направам во наредните 2-3 недели е извесен апдејт на оваа Агенда: Европа дома, со тоа што очекуваме и нови задачи од Брисел, како што секој нов состав на Владата добива нови задачи, коишто произлегуваат од европскиот извештај и тие ќе ги инкорпорираме во планот за реформи и ќе ги следиме на неделна основа, рече вицепремиерот Маричиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=sFOQTtTMfhw

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

 

Прочитајте