spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Забрзано решавање на предметите за легализација

Василево: Забрзано решавање на предметите за легализација

Во општина Василево, беше издадено четириесетото решение за  легализација односно утврдување на правен статус на бесправен објект, од почетокот на мандатот на градоначалникот Славе Андонов.

„Оваа бројка на комплетно завршени постапки за легализација на бесправно изградени обкјекти е показател за сериозниот и професионален пристап што како локална самоуправа го имаме во работата  и третманот на граѓаните во чија служба сме. Посветено работиме на завршување на постапките во најкраток можен рок, а бројката од 40 завршени постапки за само три месеци, колку што сум на чело на општина Василево е  показател за забрзаната динамика со која ги извршуваме законските обврски. Само за споредба во текот на целата 2020 година изготвени се само 31 Решение за легализација“, изјави градоначалникот на општина Василево по повод денешното издавање на 40-то Решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, во текот на неговиот мандат.

Градоначалникот Андонов упатува апел до сите граѓани кои имаат започнато постапка за легализација, да се обратат во општината, како би можело постапките во најкраток можен рок да бидат целосно завршени и  граѓаните да станат вистински сопственици на своите објекти.

 

 

 

 

Извор: Општина Василево

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...