spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Координативен состанок на министерот Шаќири и новиот заменик министер во МОН...

МОН: Координативен состанок на министерот Шаќири и новиот заменик министер во МОН Љуљзим Алиу

За приоритетите во образованието и продолжување на заложбите за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем преку реализација на определбите наведени во програмата за работа на Владата и на МОН, се разговараше на првата координативна средба помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и новоименуваниот заменик министер во МОН Љуљзим Алиу, чиј мандат започна.

Двајцата со идентичен став дека образованието е сфера која не трпи застои и како држава мораме да го прилагодуваме системот за едукација на новите образовни трендови, текови и стандарди за квалитет кои ги наметнуваат развиените земји. Тоа е стратешка цел од чие исполнување во најголема мера зависи напредокот на општеството и интегрирањето во Европското семејство.

Министерот и неговиот заменик се согласни дека фокус мора да се стави на промените во основното образование кое е база на образовниот систем, но и на унапредување на средното стручно образование. Во следниот период, заедно ќе ја интензивираат соработката со високообразовните установи заради согледување на предизвиците во нивното работење и придонес кон изнаоѓање на решенија за  надминување. Во делот на науката, фокус останува поддршката на реализацијата на научно – истражувачките проекти од јавен интерес, но и вложувањето во развој на лабораториските ресурси.

Љуљзим Алиу е професор на Педагошкиот факултет во Скопје. Раководел со   Институтот за предучилишно воспитание и со Институтот за одделенска настава. Има големо искуство со реализација на бројни проекти од домашен и меѓународен карактер за унапредување на повеќе образовни сфери, а има објавено голем број научни трудови во домашни и меѓународни научни списанија и зборници.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте