spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Координативна средба со претставници на јавни институции

АПЈ: Координативна средба со претставници на јавни институции

Координативна средба со претставници на јавни институции
Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) денеска ги прими назначените членови на над сто јавни институции кои ќе се занимаваат со промоцијата и унапредувањето на примената на Законот за употреба на јазиците во Република Северна Македонија.

Оваа активност се заснова на член 19 од овој Закон кој предвидува промоција и преземање мерки за негово натамошно унапредување.
Во оваа прилика, претставниците на институциите имаа можност директно да го слушнат директорот на АПЈ, Илбер Села, кој направи презентација на релевантната институција и Законот за употреба на јазиците.

Понатаму, директорот даде конкретни објаснувања за законските надлежности што ги има Агенцијата и како да им се помoгне на државните институции да го користат албанскиот јазик како втор службен јазик во нивните различни дописи.

На оваа средба претставниците на институции имаа можност да постават различни прашања за дилемите и предизвиците со кои се соочуваат при нивното службено работење, додека на сето тоа директорот одговори на точен и разбирлив начин за заинтересираните.

Дел од дебатата беа и некои терминолошки аспекти со кои се соочуваат овие претставници кои ја имаат преземено промоцијата и унапредувањето на примената на Законот за употреба на јазиците.
Директорот Села побара сите претставници, секогаш кога ќе наидат на разни потешкотии, да се обратат до АПJ за совет кој ќе им помогне да надминат било какви потешкотии.
Скопје, 03.03.2022 г.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните 

Прочитајте