spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Youth Wiki - Форум за младински политики

НАЕОП: Youth Wiki – Форум за младински политики

Да инвестираме во младите и да не заборавиме дека тоа треба да е насекаде, подеднакво. Да креираме и да инвестираме за и со младите.

Вчера се одржа „Youth Wiki: Форумот за младински политики”, настан со цел да се воспостави дијалог помеѓу младите и младинските организации со носителите на одлуки за младински политики, и да ги во креирањето, спроведувањето и следењето на младинските политики, воедно и да ја запознае јавноста со платформата ЈутВики (Youth Wiki). На овој настан се обрати директорот на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски и потенцираше дека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Еразмус+ нудат најразлични можности за сите и даваат можност за градење на капацитетите на младите и развој на лично и професионално ниво.

Во рамки на панел дискусиите беше споделен развојот на младинските политики од изминатата година, новите трендови и приоритети во младинските политики, актуелните потреби на младите и нивно вклучување во процесите на креирање политики, како и наодите од имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е носител на ЈутВики (Youth Wiki) за Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...