spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЕУ дава финансиска поддршка за модерна патна инфраструктура по европски стандарди

ЕУ дава финансиска поддршка за модерна патна инфраструктура по европски стандарди

ЕУ дава финансиска поддршка за граѓаните да патуваат полесно и побезбедно, а компаниите побрзо и поефикасно да ги транспортираат своите производи, за поголем придонес во економскиот развој на земјата.

Изградба на експресен пат Дреново – Градско.

Со грантот од ЕУ во висина од 35,4 милиони евра, се гради Дреново – Градско на ниво на експресен пат кој ќе ги задоволи сите сообраќајни и безбедносни стандарди. Ова е проект од ИПА 2 програмата, за периодот 2014-2020, која има алокација од 664 милиони евра, европски пари. Од достапните алокации реализацијата на склучени договори е 80,30%.

Оваа програма сеуште е во фаза на спроведување, а некои од проектите кои се поддржуваат преку ИПА 2 е и:

Изградбата на третата фаза од железничката делница кон Бугарија.

Во рамките на Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, одвоени се вкупно 108,9 милиони евра за проекти за подобрување на патната и железничката инфраструктура долж мрежата на европски транспортни коридори кои поминуваат низ територијата на нашата земја.

Обемните финансиски средства мораме да ги користиме најдобро што можеме, за да подготвиме зрели проекти за поддршка на нашите реформски активности и на тој начин да придонесеме за порамномерен развој на нашата земја. Имаме капацитети и знаења и мора да ги искористиме за забрзување на реформите и постигнување на крајната цел – полноправно членство во ЕУ, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

 

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...