spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИутеКредит Македонија со 35.000 издадени Mastercard картички и специјална понуда овој месец

ИутеКредит Македонија со 35.000 издадени Mastercard картички и специјална понуда овој месец

ИутеКредит Македонија овој месец бележи 35.000 издадени Mastercard картички од почетокот на соработката со овој интернационално етаблиран финансиски бренд.

По тој повод, со цел уште повеќе да ја доближиме Mastercard картичката до корисниците на кеш кредити, креиравме специјална промотивна понуда со која издавањето на картичката чини 1000 денари, односно -50% помалку од редовната цена.

ИутеКредит Македонија е единствено финансиско друштво во земјава кое има лиценца за издавање на Mastercard картичка, со што клиентите кои ќе земат кеш кредит имаат привилегија да станат дел од Mastercard клубот на корисници и да ги користат сите бенефити на картичното работење.

ИутеКредит Mastercard може да се користи за секаков вид на плаќање во земјата и странство, подигнување на готовина од банкомат, купување онлајн, итн. На овој начин клиентите на ИутеКредит Македонија ги имаат своите средства 24/7 каде и да се, а можат да прават и дополнување на картичката со нов кеш кредит во согласност со нивните потреби.

IuteCredit Mastercard е дел од екосистемот на компанијата, чија цел е да овозможи исклучително корисничко искуство за своите клиенти. Идејата е целиот процес на апликација, одобрување и исплата на кредит, како и неговото понатамошно користење да биде брз, едноставен, безбеден и лесен. Оттаму доаѓа и минимум документацијата која е потребна и целосно дигиталнот процес на апликација и потпишување на договор, преку мобилната апликација MyIute или веб страната на ИутеКредит.

Сите нови и постоечки клиенти можат да аплицираат за Mastercard картичка од ИутеКредит со секоја нова направена апликација за кеш кредит која може да биде преку MyIute, онлајн на www.iutecredit.mk, во експозитурите на ИутеКредит во поголемите градови во Македонија или телефонски на 13 333.

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија 

Прочитајте