spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: ФАО/СЗО Панел дискусија по повод Светскиот ден за безбедност на храната

АХВ: ФАО/СЗО Панел дискусија по повод Светскиот ден за безбедност на храната

Безбедноста на храната спасува животи. Тоа не е само клучна компонента за сигурноста на храната, туку исто така игра витална улога во намалувањето на болестите што се пренесуваат преку храна. Секоја година, 600 милиони луѓе се разболуваат како резултат на околу 200 различни видови на болести предизвикани од храна. Товарот на таквата болест најмногу паѓа на сиромашните и на младите. Дополнително, болестите кои се пренесуваат преку храна се одговорни за 420 000 смртни случаи што може да се спречат секоја година.

По повод Светскиот ден за безбедност на храната во организација на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO) и Светската здравствена организација (WHO)  на 07 јуни 2022 година, од 14 до 15h ќе се одржи виртуелна панел дискусија.

Првиот дел од настанот ќе се фокусира на потребата од трансформирање на системите за безбедност на храната за да се обезбеди подобро здравје, додека во вториот дел од настанот ќе се истражува како различните учесници во синџирот на исхрана, во зависност од средината, можат да придонесат за одржливо производство и консумација на безбедни производи со цел подобрување на здравствените исходи.

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...