Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност согласно Решение бр. 18-691/2 од 12.05.2022, распишува
ОГЛАС ЗА ЕВРОПАС АМБАСАДОРИ
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
• Да е на возраст од 18 до 29 години
• Да е член минимум 1 година во младинска невладина организација
• Да не е Еразмус+ координатор/ка, еТвининг амбасадор/ка, ЕПАЛЕ амбасадор/ка
• Да има основно познавање од англиски јазик
• Да има искуство со организација на презентации и обуки
• Да има креирано свој профил на Европас платформата
• Да има познавање од ИТ алатки
Оние лица кои ќе бидат избрани за амбасадори склучуваат договор со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во Договорот за Европас амбасадорот ќе бидат наведени обврските на амбасадорите како и нивна исплата и времетраење. Лицата кои се заинтересирани за Огласот за Европас амбасадори ќе треба да пополнат онлајн формуларот. Рокот за аплицирање е до 23.05.2022 до 00:00 часот
Со почит, Европас центар – Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност