spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Покачување на платите во здравството, високото, средното и основното образование, детската...

МФ: Покачување на платите во здравството, високото, средното и основното образование, детската грижа, правосудството и полицијата

Со ребалансот на Буџетот, за кој деновиве се расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет, се предвидуваат покачувања на платите во здравството, високото образование, основното и средното образование и детската грижа, правосудството и Министерството за внатрешни работи. Исто така, се предвидуваат средства за субвенционирање на придонесите за покачување на платите во приватниот сектор, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на гостувањето на ТВ 24.

 

Тој истакна дека со ребалансот се испланирани средства за раст на платите од 15% во правосудството, средното и основното образование и детската грижа, 7% раст на платите во високото образование и 5% раст на платите во МВР и во здравството.

Во однос на барањата на дел од синдикатите за покачување на платите во јавниот сектор, Бесими посочи дека преговорите во Владата се во тек во насока на изнаоѓање издржано решение.

Бесими рече дека се работи на одржлив модел на раст на платите во јавниот сектор, којшто ќе се заснова на продуктивноста на економијата и животниот стандард на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...