spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОчаен обид на СДСМ да им се додвори на земјоделците од гевгелискиот...

Очаен обид на СДСМ да им се додвори на земјоделците од гевгелискиот регион

Во Гевгелија советникот во МЗШВ Трајан Димковски заедно со пратениците од СДСМ Марија Костадинова и Панчо Минов ги бранеа своите неуспешни земјоделски политики пред земјоделците од Гевгелија, исплашени од нискиот рејтинг што го има СДСМ во овој регион, а и во цела држава.

Тие кажаа дека со ребалансот на буџетот ќе обезбедат најмногу парични средства за земјоделците и навремени исплати на субвенции.

Прво, Трајан Димковски да им објасни на земјоделците за кого и за што е предвидено енормното зголемување на паричните средства во ставката “стоки и услуги”, “договорни услуги”, “набавка на мебел и инвентар” и фамозните милиони за невладини организации во ребалансот на буџетот?!

Трајан Димковски, Марија Костадинова и Панчо Минов да одговорат пред гевгелиските земјоделци зошто гласаа ПРОТИВ предлот Законот за земјоделство и рурален развој поднесен од Левица со кој закон се гарантираше исплата на откупениот производ на земјоделците и тоа со максимум 30 дена од предадените производи кај преработувачите и трговците?!

Земјоделците од Гевгелија знаат дека оваа власт на СДСМ и министерот за земјоделие Љупчо Николовски за овие 5 години власт го доуништија македонското земјоделие, нивите останаа празни, младите од Гевгелија заминаа на работа во странство, а храната ни доаѓа од увоз.

Левица како партија на работниот народ и земјоделците кои живеат од сопствениот труд, а во интерес на земјоделието и земјоделците во државата, му порачува на Трајан Димковски и Љупчо Николовски веднаш да си поднесат оставки, а Марија Костадинова и Панчо Минов да гласаат за распуштање на Собранието.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...