Претставници од енергетскиот тим на Општина Карпош во рамки на проектот „The Excite project: The European Energy Awardin Central and Eastern Europe“, учествуваа на обуката на тема „Учество на јавноста и заинтересираните страни во процеси, програми и активности поврзани со енергетска ефикасност и климатски промени“ која се одржа на 6 и 7 јули во Велес. Презентери и говорници на обуката беа стручните лица од Хабитат Македонија и националните консултанти за Европското енергетско признание (European Energy Award – ЕЕА), а присуствуваа и претставници на општините Кочани и Делчево.
Инаку, проектот „Excite – Стандарди за одличност, инвестирај во доверба – сервиси за енергетски менаџмент прилагодени на локалните власти во Источна Европа“, има за цел директно да ги подобри климатските акциски планови во 25 општини ширум Европа, преку рационално искористување на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија и тоа преку примена на методологијата на Европското енергетско признание (ЕЕА – #EuropeanEnergyAward). Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Хоризонт 2020, а во нашата држава се спроведува од страна на Хабитат Македонија во општините Карпош, Кочани и Кичево.
Во рамки на обуката беше одржана и работилница на која претставниците на енергетскиот тим на Општина Карпош заедно со националните консултанти за ЕЕА методологијата направија почетна проценка на областите: Отстранување на отпад и снабдување и Мобилност. На претставниците на општините кои се вклучени во проектот EXCITE, им беше доставен документ насловен „Стратегија за вклучување на заинтересираните страни“, специјално подготвен за секоја од трите пилот општини.
Извор: Општина Карпош