Градоначалникот Костадин Костадинов ги посети најубаво уредените дворови пред колективните станбени објекти и ги врачи ваучерите за освоени прво и второ место.
Со цел да се стимулира уредувањето и одржувањето на дворните места пред колективните станбени објекти, на иницијатива на градоначалникот Костадинов од општинскиот буџет беа издвоени 350 илјади денари и објавен Јавен повик кој траеше од 21 февруари до 31 мај годинава.
Пристигнаа 2 апликации. По увидот што го изврши Комисијата формирана по Јавниот повик, првата награда ја доби дворот на улицата „Максим Горки“ бр.49, а втората, дворот на улицата „Крсто Узунов“ бр.3-22. Градоначалникот Костадинов им честиташе на станарите за наградите и им ги врачи ваучерите од 200.000 за првото и 100.000 денари за второто место.
Извор: Општина Струмица