spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Асфалтирани пет улици во Кисела Јабука

Ѓорче Петров: Асфалтирани пет улици во Кисела Јабука

Продолжува реконструкцијата на нови улици во општина Ѓорче Петров. Пет улици во Кисела Јабука првпат добија асфалт.

Асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4 и 6. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно првпат се асфалтираат на барање на граѓаните.

Во рамки на тековните градежни активности, асфалтирана е вкупна површина од 2.470 квадратни метри, а употребена е околу 400 тони асфалтна маса.

Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор се одвиваат со забрзана динамика.

Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...