Тренчевска: Позитивните практики на Северна Македонија во областа на родовата еднаквост се пример за регионот

МинистерстваТренчевска: Позитивните практики на Северна Македонија во областа на родовата еднаквост се...

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вчера се сретна со заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Килиан Вахл, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

На средбата се разговараше за позитивните практики кои ги имплементираше Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика во однос на родовата еднаквост, дискриминацијата и родово базираното насилство.

 

„Како Влада се залагаме за унапредување на родовата еднаквост, во моментов работиме на нов Закон за родова еднаквост и подзаконските акти на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, а претходно го донесовме и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Ги јакнеме капацитетите на јавната администрација преку обуки со цел внесување на родова сензитивност во креирањето на политики и носењето на одржливи решенија кои што ќе бидат релевантни на подолг временски период“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека за таа цел е отворен и Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање за спроведување на обуки и собирање на материјални ресурси како што се истражувања и анализи кои ќе ги унапредат знаењата на јавната администрација.

„Во Ресурсниот центар досега се спроведени обуки на четири теми, од кои, „Основна обука за Родово одговорно буџетирање“; „Следење и евалуацијa на постигнувањата од Родово буџетските изјави”; „Родово буџетски изјави – Извештај за родово одговорно буџетирање” и „Родовата перспектива во јавните финансии – РОБ”. Исто така имплементирана е и онлајн платформа во која што се вклучени сите материјални ресурси. Овој центар е единствен во регионот, затоа нашата цел е да премине во Регионален ресурсен центар“,  изјави министерката.

Тренчевска се осврна и на посветената работа на Министерството во делот на родово базираното насилство.

„Практикуваме мултисекторски пристап во решавање на предизвиците за родово базираното насилство каде што во фокусот е секогаш жртвата. Имплементираме програма за ресоцијализација и реинтеграција на насилниците, како и обуки на вработените во Центрите за социјална работа“, изјави министерката.

Заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово се заблагодари за можноста да разговараат за позитивните практики од Република Северна Македонија која што е лидер во регионот во делот на родовата еднаквост и ќе послужат како добар пример и за Република Косово.

Исто така додаде дека различниот пристап на Владата преку Ресурсните Центри е од особена важност.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе