spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Нов лик на познатата чешма над с. Ѕвегор

Делчево: Нов лик на познатата чешма над с. Ѕвегор

Деновиве завршија градежните работи за реконструкција и санација на популарната чешма и идилично место за одмор на делчевци, но и на патниците кои патуваат за соседна Бугарија, а се наоѓа покрај магистралниот пат А3 над с. Ѕвегор.

Екипи на ЈКП „Брегалница“ извршија комплетна санација на чешмата, поставена е урбана опрема, просторот е поплочен со бехатон плочки, поставена метална настрешница, а самата чешма доби и нов лик со декоративен камен.  

Чешмата  СКОКОТО е на 937 м.н.в. на планината ВЛАИНА и е на 8 км оддалечена од Делчево, позната е по природната изворска питка вода, а е посветена на Свети Јован Крстител. Чешмата е сместена во убав шумски амбиент од мешана борово-букова шума и претставува одлично место за одмор на патниците кои транзитираат по магистралниот пат.

Инаку, чешмата е изградена во 1996 година, а реконструкцијата и инвестицијата е во рамките на активноста на Општина Делчево за реконструкција и санација на селски чешми во Општина Делчево, во рамките на која се реконструирани селските чешми во селата Град, Вирче, Стар Истевник. Реконструкцијата на селските чешми ќе продолжи и наредниот период.

Извор: Општина Делчево 

Прочитајте